Автомобил влета меѓу верници кои го одбележувале празникот Рамазан Бајрам во Њукасл во Англија. Настанот се случил пред спортскиот центар Вестегејт, пренесуваат локалните медиуми. Според првите информации, повредени се 5 лица, а се стравува дека меѓу нив има и деца.
Веднаш по нападот, приведена е жена чиј идентитет не е соопштен. Таа е одведена на испитување, а полицајците се обидуваат да утврдат што точно се случило.
На местото на настанот имало повеќе од стотина луѓе. Не се знае дали е во прашање тероризам. Ова не е прв ваков напад во Англија. Неодамна маж удри во верници пред џамија во Лондон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)