| четврток, 6 декември 2018 |

Ачковска: Илинден е светост на Македонците, тоа се тешки работи

Заедничко чествување на празникот Илинден со Бугарија може да значи промена на цела македонска историја оваа порака ја испратија историчарите на денешната панел дискуција која беше организирана од институтот Павел Шатев.

Професорот по историја Михаило Миновски истакна дека македонската Револуционерна Организација не се борела за Бугарија и бугарска држава, туку цели чети се жртвувале за Македонија и за македонска држава а сега ние треба сето тоа да го показими и да пригатиме дека сме Бугари односно дека Македонија е втора бугарска државa.

Илинден е светост на Македонците, Илинденците гинеле за државата и не е возможно Илинден да го славиме заеднички, истакна професорката по историја Виолета Ачковска.

-Едно е вие да се поклоните пред некој споменик, било пред спомениците на фашистичките жртви, било пред Илинден, но друго е вие да направите тој празник да се девалвира како национален празник на еден народ. Илинден е светост на Македонците. Македонските партизани кога ја создаваа македонската држава во Втората Светска Војна гинеа со името на Илинденците, со името на Илинден. И вие сега да кажете дека тоа Илинденско востание не е ваше, туку некој друг народ го направил? Тоа се тешки работи- вели Ачковска.

Професорот Александар Атнасовски истакна дека сите наши соседи си земаат за право да ја присвојуваат нашата историја а ние не нивната. Според него не постои ниту еден историски запис каде што цар Самоил се нарекол бугарски цар.

Тибината беше одржана на тема односите на Македонија со Бугарија и последните изјави на премиерот Зоран Заев во Софија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top