| четврток, 6 декември 2018 |

НАСА се подготвува да објави постоење на вонземјани (видео)

Хакерскиот колектив Анонимус тврди дека американската вселенска агенција НАСА се подготвува да објави дека открила интелигентен вонземски живот. „НАСА вели дека вонземјаните доаѓаат”, напиша групата на својата интернет страница.

Анонимус се повикува на многубројните неодамнешни откритија на НАСА, заедно со коментарите на еден од портпаролите на агенцијата на конгресното сослушување во април насловено „Напредокот во потрагата по живот“.

Професорот Томас Зурбукен, вонреден администратор на Директоратот за научна мисија, на сослушувањето рече дека неодамнешниот напредок на НАСА, како што е откривањето на водорос на Сатурновата месечина Енцелад и ветувачките резултати на тимот на Хабл од океаните на јупитеровата месечина Европа, се надежни знаци дека ние сме поблиску од кога било до откривањето докази за вонземски живот.

„Имајќи ги предвид сите различни активности и мисии со кои се бара конкретно докази за вонземјански живот, ние сме на прагот да направиме едно од најдлабоките, досега невидени откритија во историјата“, рече Зурбукен за време на сослушувањето на комисијата за американска наука, вселена и технологија.

Во своето видео на оваа тема, Анонимус цитира неколку други коментари за вонземјани дадени од астронаути и поборници на истражувањето на вселената во минатото, како и разни „забележувања“ вонземјани и НЛО како доказ дека „нешто се случува на небото над нас“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top