Заев и СДСМ пред изборите цело време зборуваа против партизирани институции и ветуваа професионалност, департизација на институциите како и еднаквост на сите граѓани. Но само што ја превзедоа власта во свои раце веднаш покажаа дека се што кажувале пред изборите биле само празни ветувања.
Професионализација на полицијата, департизација деполитизација на институциите, вредности од аспект на еднаквоста и рамноправноста на граѓаните се сериозни пораки зад кои што сите застануваме, беа зборовите на Заев во еден од предизборните спотови. Гледајќи го вака мислите се наоѓате во Шведска. Но беа потребни само неколку месеци за СДСМ да дојде на власт и да го покаже своето лице.
Пратеникот од редовите на СДСМ, Курто Дудуш на дело ни покажа како СДСМ планира да ја води државата. Дудуш ја претставува членската книшка на СДСМ како начин да се заобиколат законите на државата, да се прави криминал и престап без да се биде санкциониран. СДСМ се става над законот и покажува партизација на државните институции од енвидени размери.
Дудуш на своите сопартијци и сограѓани и им кажува дека членската на СДСМ ќе им биде втора лична карта и ќе им овозможи вработување, возење без возачка дозвола, да бидат привилегирани кога вадат документи од министерствата како и да добијат предност кога одат на лекар.
СДСМ повторно ги дискриминира граѓаните на Република Македонија и се навраќа на времето од СФРЈ или во времето на Бранко Црвенковски кога единствениот услов за напредување на граѓаните беше поседувањето на нивната членска книшка. СДСМ сакаат нивните членови да бидат граѓани од прв ред на кои ќе им биде овозможено со погазување на законите и правилата да го добијат тоа што го сакаат, а сите останати кои не поседуваат нивна членска да бидат дискриминирани како граѓани од втор ред во опшеството, ова е скандал од невидени размери, невиден во земјите кои ја практикуваат западната демократија.
Меѓународните претставници во Република Македонија и голем број на странски емисари кои доаѓаа изминативе неколку години, за најбанални пропусти зборуваа за наводна партизација или политизација на државните иснтитуции. Сега кога на дело гледаме пратеник на владејачката СДСМ како кажува дека членската книшка на СДСМ е привилегија да се биде неказнет во оваа држава нема нити една реакција нити осуда од страна на истите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.