Додека граѓаните на Струга беа преокупирани со еколошката катастрофа, која поради несериозноста на новата влада и локалната самоуправа во Струга ја доведе во прашање целата туристичка сезона, која за многу граѓани на овој град е главен извор на приходи, СДСМ се занимаваше со промени на директори и раководни лица на училишта.
Од локалниот огранок на ВМРО-ДПМНЕ во Струга обвинуваат дека прв чекор на новата власт е брутална партизација на училиштата.
-СДС е синоним за лицемерие, што има СДС против Струга и Македонците. Едно ветува во опозиција, а друго работи кога е на власт. На изборите ветуваа дека политиката и партијата нема да ги мешаат во државата, а сега Заев дирекнто удри во образованието. Удри по луѓето кои се одговорни за да ги учат и воспитуваат нашите деца. Прв чекор на СДС во Струга е брутална партизација на училиштата. Заменети се директори и раководни лица, а што уште пострашно тоа е наравено надвор од законот, без никаков повод и причина и без никакво образложение – изјавија од ВМРО-ДПМНЕ Струга.
Тие велат дека единствени на удар се само Македонците и дополнуваат дека колацијата на Заев и Села е надвор од сите демократски принципи, надвор од законот и надвор од разумот.
-Смените се прават исклучиво на етничка основа и политички на удар се единствено Македонците. Овие луѓе го дадоа својот максимум и заедно со владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, изградија нови објекти, доградби, надградби, спортски сали. Едноставно, она што го направи не СДС додека беше на власт, го направи ВМРО-ДПМНЕ. При тоа единствен критериум беше квалитетот на раководни кадри. Ова што се случува во Струга, во коалицијата на СДС и Села е надвор од сите демократски принципи, надвор од законот и надвор од разумот. Сигурни сме дека оваа коалиција која ги занемарува желбите и потребите на стружани, нема да опстане и ќе почне да се распаѓа токму од Струга, изјавија од ВМРО-ДПМНЕ Струга.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)