| четврток, 6 декември 2018 |

Ова е победничката во рушење на дрес кодот на инагурацијата на Вучиќ!

Над 7.000 гости, над 7.000 комбинации на облека можеа да се видат за време на инагурацијата на Вучиќ. Имаше кратки ракави, лежерно облечени кошули и мини здолништа попримерни за некое ноќно излегување, а не за инагурациска свеченост.

Сепак една дама отиде чекор подалеку и ја понесе титулата на најголемо модно промашување на инагурацијата на Вучиќ.

Покрај строго пропишаниот дрес код, таа решила да ги прекрши правилата и да избере крајно екстравагантна комбинација на облека.

Имено таа искомбинирала елегантен црвен фустан и помалку елегантен бел градник.

Може се работи за најнов тренд или пак модно фијаско, ама дамата во црвено не помина неабележано.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top