| четврток, 6 декември 2018 |

Eгото на Трамп не поднесува удари: Веднаш да ми најдете слика со милион луѓе

Trump inauguracija

Два дена по инагурацијата на новиот американски претседател на САД, диреторкот на службата за национални паркови Мајкл Рејнолдс добил повик на кој му било речено дека претседателот сака да разговара со него.

Трамп лично побарал од Рејнолдс да најде фотографии кои потврдуваат дека бројот на посетители на неговата инагурација бил многу поголем од фотографиите кои беа прикажани во јавноста и кои во споредбата со посетеноста на инагурацијата на Обама изгледаат полупразно. Тој наредил да му обезбедат слики на кои се гледа дека за неговата инагурација имала повеќе од милион луѓе. Барањето на Трамп го поврдиле негови соработници за Вашингтон Пост. Според нив намерата на Трамп била да докаже дека медиумите лажеле кога исзветувале за посетеноста на неговата инагурација.

Новиот американски претседател бил погоден од споредбите со инагурацијата на Обама кои го разлутиле како и тврдењата на одредени медиуми дека ни од далеку не е толку популарен како Барак Обама.

Inauguracije Trumpa i Obame

Дирекоторот Рејнолдс бил многу изненаден од ова барање, но сепак успеал да дојде до нови фотографии сликани од воздух, кои сепак не ги поткрепувале тврдењата на Трамп дека за него пред Белата куќа се појавиле повеќе од милион луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top