| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов во Белград на инаугурацијата на Вучиќ

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов денеска во Белград ќе присуствува на свечениот прием по повод инаугурацијата на новиот претседател на Република Србија, Александар Вучиќ.

Шефот на македонската држава, како што соопшти неговиот кабинет, утре ќе има и билатерална средба со новиот српски претседател Вучиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top