| четврток, 6 декември 2018 |

Крај на македонското деби на европскиот шампионат Македонија – Португалија 2-4

Македонската репрезентација, избраниците на селекторот Боби Милевски, со 2-4 против Португалија се простија од првото учество на макендонска фудбалска репрезентација на европско првенство. Сепак, македонскиот тим не беше лесен залак и во третото коло во Б групата им ги помати сметките на Португалците на кои им беа потребни три гола разлика за понатамошниот тек на првенството.

Македонската У21 репрезентација на полувреме на мечот во Полска замина со резултат 2- 1. Мечот започна со студен туш од Португалците, со гол во втората минута. И по вториот гол за Португалија, сепак, Барди со еврогол ја врати македонската репрезентација во игра. Второто полувреме резултатски изедначено како и првото, со три гола од кои два во мрежата на македонскиот голман.
Селекторот Милевски мечот го започна со шестмина млади играчи. Групата во која се најде Македонија е една од потешките во Полска, во која се судрија со Шпанија, која мина со сите 3 победи, Србија, со која Македонија изигра нерешено, и Португалија, која сега е втора во групата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top