Како по обичај Зоран Заев знае да рече, но и да порече. Тој во своето обраќање пред гласањето на новата влада соопшти дека нема поведено истражна постапка за ниту еден од 25те, тогаш кандидати сега министри.
– За сите 25 кандидати за министри, како и за мене, СЈО нема поведено истражна постапка – истакна Заев.
Но Специјалното јавно обвинителство, кое работи по негова директива и во негов интерес и во интерес на СДС, го демантираше. Денеска, новинарот Цветин Чилиманов, на својот фејсбук профил објави документ од СЈО, од кој може да се забележи дека заменик-премиерот за интеграција во ЕУ, Бујар Османи, спротивно од тоа што го говореше Заев, е под истрага на СЈО, кое со официјален документ, од надлежна иснтитуција, бара детали за неговата имотна сопственост, а освен за него и за членови на неговото семејство.
Ова само го докажа фактот дека она што СДС го говореше дека се подготвени на одлучна и неселективна борба против корупцијата преку сузбивање на организираниот криминал беше само приказна за мали деца. Уште пред изборот на Османи запрашавме како Заев го прифаќа Бујар Османи во Влада.
Една од причините, на пример, е пресот на социјалдемократите од февруари 2010 година кога обвинија за криминален тендер со вишок од 28 милиони евра, во кој бил вмешан токму нивниот иден министер Османи.
–Јавноста ги памети прес конференции на Бујар Османи кога јалово се обидуваше да одбрани една друга криминална јавна набавка во неговиот ресор, вакцините. Тој повторно заедно со Груевски со народни пари набави вакцини по убедливо најскапа цена. Во Македонија вакцините беа платени по 9,3 евра, додека за истите вакцини Мексико, Шведска или Велика Британија платија 5,6 евра или 4,5 евра помалку. Се разбира сеуште немаме одговор во чии џебови заврши разликата од 2 до 4 милиони евра. Кога веќе упорно говори за некаква “разлика помеѓу Мерцедес и Фиќо“, го повикуваме Бујар Османи заедно со неговиот бизнис шеф Никола Груевски јавно да им одговорат на граѓаните зошто производителите на медицинската опрема “General Electrics“ и “Siemens“ како директни понудувачи се повлекле од тендерот и заради тоа медицинската опрема ја плаќаме за 60 до 100 % поскапо и ја набавуваме од трговската фирма посредник “Simed Internacional“.
Да потсетиме што велеше Заев во 2015 година. Заев во интервју, кажа сосема нешто друго во врска со тоа дали има некој фунционер кој е предмет на СЈО.
-Да, Да. Поднесени се и кривични пријави. Мислам дека поднесени се кривични пријави за Бујар Османи, за Муса Џафери. Поднесени се кривични пријави за некои политичари во делот на тетовската индустриска зона. Тоа моите адвокати подобро го знаат. Поднесени се, но не е толку важно што ние сме поднеле кривични пријави, СЈО со примањето на материјалите ќе види што тоа има криминал и во другите случаи – изјави тогаш Заев.
Во предизборната кампања СДСМ постојано го обвинуваше ДУИ дека бил дел од криминалите за кои го обвинуваа и ВМРО-ДПМНЕ. На 26 февруари Емилијан Станковиќ на прес конференција го обвинуваше Бујар Османи, кој ќе биде вицепремиер за евроинтеграции во новата влада, дека купувал медицински апарати за повисока цена.
Ова е увоз на царинска декларација и фактура за комплет ренгенски и компјутерски томограф, со опреми и прибор ВЦТ ХТ-64 слајс од марката Генерал електрикс, кој во Македонија е увезен пред три месеци по цена од 533.334 евра. Само за споредба Груевски, Османи и ВМРО-ДПМНЕ го набавуваат со народни пари ЦТ-64 сити скен компјутерот, по цена од 900 илјади евра или за 370 илјади евра поскапо. Сега очекуваме од Груевски и од како што самиот се нарекува од инвестициски аспект во наводници најзначајниот министер за здравство да и ги објасни на јавноста овие факти, кажа тогаш Емилијан Станковиќ на прес на СДСМ.
Потоа Менде Диневски на прес конференција го обвинуваше Османи дека го одвел здравството во целосен колапс, а Андреј Петров на прес конференција го обвинуваше новиот вицепремиер за евроинтеграции дека го наполнил здравството со партиски војници.
Сега Заев има министер во своите редови кој според него е криминалец… Ќе го гони ли Заев својот министер за наводните 28 милиони евра. Што стори Зоки со своите ветувања?!
А што ќе стори и со Артан Груби?!
-Катица отворила истрага и за Артан Груби, десна рака на Али Ахмети и еден од поддржувачите на идејата ДУИ да го почитува Мајскиот договор и да остане правилото за коалицирање на победник со победник – објави Чилиманов на својот фејсбук профил.
На истите оние за кои пред извесно време тврдеше дека биле заглавени во криминал, лидерот на СДС, Зоран Заев сега ги смести во неговата „реформска влада“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.