| четврток, 6 декември 2018 |

Бабунски: Сакаме да се простиме со победа и второ место на табелата

Мaкедонската фудбалска репрезентација до 21 година вечерва од 20:45 часот со мечот против Португалија ќе го затвори историскиот настап на Европскиот шампионат во Полска. Нашите млади фудбалери на двата претходни натпревари против Шпанија и Србија прикажаа добра игра, но освоија само еден бод и сега желбата е со победа да се заокружи овој циклус и крајот на оваа генерација.

– По ова големо искуство за нас имаме голема желба да го затвориме овој циклус на најдобар начин со победа против Португалија. Свесни сме дека ова е последен натпревар на оваа генерација така да голема ни е желбата, мотивацијата и ќе дадеме се од себе за да  ги освоиме трите бода, второто место, истакна Давид Бабунски.

– Ние не се плашиме од никого покажавме против Франција, Шпанија и на ист начин со иста идеја и менталитет ќе настапиме против Португалија. Тие имаа добри индивидуалци, но ние како тим ќе се обидиме тоа да го неутрализираме и да ги покажеме нашите квалитети. Подготвени сме да покажеме дека можеме да играме со било кој противник, дополни нашиот репрезентативец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top