| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ го достави новиот Предлог-закон за докторска дејност до повеќе лекарски здруженија

Како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и од коалицијата „За подобра Македонија“ сакаме да ја информираме јавноста дека денес го доставивме новиот Предлог-закон за докторска дејност до повеќе лекарски здруженија во Македонија, кој беше поднесен до Собранието на Република Македонија од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“.

Предлог законот за доктроска дејност го доставивме до следниве лекарски здруженија во Република Македонија:

  • Македонско лекарско друштво
    Здружение на приватни лекари на Македонија
    Лекарска комора на Македонија
    Здружение на офталмолози на Македонија
    Здружение на приватни гинеколози и акушери на Македонија
    Здружение на лекари по општа и семејна медицина
    Здружение на педијатри на Македонија
    Здружение на патолози на Македонија
    Здружение и комора на Радиолошки Технолози на Македонија
    Македонско здружение по кардиологија
    Здружение на лекари од Охрид
    Стоматолошка комора на Македонија
    Здружение на физијатри на Р. Македонија
    Македонско здружение по урологија
    Македонско здружение за медицинска биохемија и лабораториска медицина
    Mакедонско здружение за радиологија на дојка
    Психијатриско здружение на Р.Македонија
    Научно здружение на ендокринолози и дијабетолози на Р. Македонија
    Здружение за максилофацијална хирургија
    Здружение на инфектолозите на Македонија
    Македонско респираторно здружение

Со овој Предлог-закон за докторска дејност се предвидува вреднување на докторскиот труд, односно се утврдува висината на платата преку колективен договор, која би ја земале специјалистите и општите доктори од примарното, секундарното и од терцијалното здравство. Конкретно, платата на докторите специјалисти се предвидува да изнесува четири и пол просечни плати или 100.000 денари, додека, пак, платите на општите доктори да изнесува две и пол просечни плати, односно 56.000 денари плата.

Предлог законот за докторска дејност го доставивме до лекарските здруженија како би имале можност и тие да дадат свој придонес и затоа очекуваме нивни сугестии, идеи и предлози се со цел да се задоволат и усогласат барањата и потребите на лекарската фела во нашата држава.

Наша идеја како подносители и предлагачи на овој закон е во наредниот период да оствариме директни средби со претставниците од повеќе лекарски здруженија се со цел да излеземе во пресрет на потребите на лекарската фела во Република Македонија.

На крајот, сакаме да нагласиме дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ покрај овој позитивен Предлог-закон и досега искрено и напорно работеше и реализираше огромен број мерки во здравството и здравствените работници, како што се мегапроектот за набавка на современа медицинска опрема, реконсктрукција на постоечки и изградба на нови здравствени објекти, стручна доедукација на кадрите и уште многу други мерки со кои значително се унапреди здравствениот систем и се подигна квалитетот на услугите во здравството во Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top