| четврток, 6 декември 2018 |

Aкушерката Ковачева со тупаници и шише се изживувала врз новороденче (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Извесна Емилија Ковачева, акушерка во софиската болница ,,Софијамед“ со тупаници, а можеби и со други тврди предмети, најверојатно шише, се изживувала врз новороденче, докажаа резултатите на судско–медицинската анализа на модринките на несреќното бебе, кое од травмите било во животна опасност.

Јавноста во Бугарија е потресена од овој судски процес.  Адвокатите на акушерката побарале новинарите да бидат отстранети од судницата, бидејќи со тенденциозното известување можело да дојде до линч врз нивната клиентка. Судот го одбил барањето.

Таа се бранеше дека била нервозна поради двојните смени во болницата и оти 20 дена по ред била на работа.

Родителите на девојчето се незадоволни од бавната судска постапка, иако има и повеќе од доволно доказиКовачева веднаш да заврши зад решетки.

Овој случај не е единствен во Бугарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top