| четврток, 6 декември 2018 |

Акушерка претепа бебенце со тупаници: На суд сите се фатија за глава од изјавата (вознемирувачко видео)

Aкушерката Емили Ковачева со тупаници , а можеби и со шише удирала новороденче во софиската болница ,,Софијамед“ докажаа резултатите на судско – медицинската анализа.

Јавноста во Бугарија е потресена од овој судски процес.  Адвокатите на акушерката побарале денеска  новинарите да бидат отстранети од судницата, бидејќи со тенденциозното известување, можело да дојде до линч врз нивната клиентка. Судот го одбил таквото барање.

Се докажа дека пред две години акушерката го тепала тукушто роденото бебе, што се гледа и од видеото. Познато е дека тоа не било единствен случај на претепани новороденчиња. Аферата се откри откако бебето било во животна опасност со модринка преку целото тело долга 30 – тина сантиметри.

Таа се бранеше дека била нервозна поради двојните смени во болницата и оти 20 дена по ред била на работа.

Родителите на девојчето се незадоволни од спората судска постапка , иако има и повеќе од доволно докази за ужасното насилство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top