Торнадо што денеска околу пладне минало низ северниот германски град Хамбург предизвика сообраќаен хас во овој дел од Германија каде што во прекин се железничките линии со Берлин, Хановер, Кил и Бремен.
Германските железници објавија дека поради силниот дожд и ветер кој откорнал голем број дрвја по железничката траса морале да бидат запрени дел од линиите на овој вид сообраќај, пренесува дописникот на МИА од Берлин.
Невремето предизвика проблеми и во патниот сообраќај поради што на возачите на автопатот меѓу Хамбург и Хановер им се препорачува да бидат внимателни поради големиот број на дрвја на патот.
Поради краткиот период во кое траело, торнадото не предизвикало нарушување на авиосообраќајот.
Синоптичарите предвидуваат дека во текот на денот поради комбинацијата на високите температури и студена воздушна маса, може да се очекува ново невреме со торнада и силни ветришта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.