Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска по завршувањето на самитот на ЕПП во Брисел, се сретнал со премиерот на Бугарија, Бојко Борисов. На средбата зборувале за потребата Македонија да стане членка на НАТО и Европската Унија.
-Не дознав ништо од она што се договорил на средбите во минатите два дена во Софија и нормално е јавноста и ние како опозиција да го дознаеме од моменталниот премиер на Македонија, истакна Груевски по средбата со Борисов.
Посочи дека Борисов ги знае позициите на ВМРО-ДПМНЕ.
-Ги реафирмирав позициите на ВМРО-ДПМНЕ по прашањето на договорот за пријателство со Бугарија, кој што треба да се потпише, но се разбира, треба да се внимава што тој ќе содржи и тој да нема последици понатака ниту за Бугарија, ниту за Република Македонија, македонскиот народ и македонскиот јазик, потенцира Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)