Легендарниот германски тенисер и поранешен тренер на Новак Ѓоковиќ, Борис Бекер прогласи банкрот заради значаен долгорочен долг, а светските медиуми се позанимаваа со неговите сеге веќе изгубени милиони.
Како што и сам напишал во автобиографијата, дел од богатството морал да го остави на поранешната жена, која додека била бремена ја изневерил со келнерка од еден јапонски ресторан.
Борис и Барбара Фелтус се венчале во 1993 година и имаат две деца. Кога Барбара била втор пат бремена, биле во Лондон. Борис ја одвел во болница и бил со неа додека траеле породилните болки.
Посетата завршила, Барбара морала да остане, а Борис се вратил во хотелот. Отишол во лондонски ресторан во кој нарачал неколку пива, а го послужила извесна Ангела Ермакова, Русинка која подоцна станала манекенка и супермодел.
-Не знам што ме одвлече во мрак. Знам само дека завршивме во некаква остава за метли. Следното утро отидов кај Барбара во болница, ги спакуваваме работите и заминавме од Лондон – открил Бекер.
Осум месеци подоцна му стигнал факс со потпис на Ермакова и вести дека ќе стане татко.
Набрзо се разделил од Барбара и тука се крие дел од одговорот каде отишле дел од неговите милиони. Имено на неа морал да и остави барем 15 милиони евра.
Постоеле различни веризии. Една била дека во се се вплеткала руската мафија која преку атрактивната келнерка го уценувала тенисерот, до онаа според која Ермакова сама себи се оплодила задржуваќи ја неговата сперма после оралниот секс.
Германецот прво одбивал да го признае детето кое многу личи на него, но откако се согласил на ДНК тест, признал дека детето е негово.
-Ја превземам одговорноста за малата Ана. Ќе се грижам за неа и ќе и пружам се што треба. Децата се најважни, ќе направам се да расте среќна – рекол Бекер кој се оженил по втор пат неколку години подоцна.
-Зошто жените ме сметаат за привлечен?Немам Поим. Не сум премногу убав, ниту премногу богат, не сум Адонис, а ни машкоста не ми е нешто посебно. Мислам дека ние мажите не сме создадени за моноганија- рекол Борис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во долгови до гуша-поранешниот партнер на Бекер му бара 36,5 милиони евра
-
Ѓоковиќ безусловно сака да му помогне на Бекер: Што и да ти треба, тука сум!
-
Молел за шолја чај, а сега е светска ѕвезда и заработува милиони! (видео)
-
Заработила 100 милиони долари од продажба на салати – таа е македонска милионерка!