Бурата околу Борис Бекер, поранешниот тенисер и тренер на Новак Ѓоковиќ не стивнува. После прогласување на банкротот, славниот Германец го стигнаа нови маки.
Ханс Дитер Клевен, шајцарски бизнисмен му упати порака на Бекер и му бара да му врати 36,5 милиони евра.
-После одлуката на судот во Лондон Борис Бекер да објави банкрот, неговиот поранешен бизнис партнер Ханс-Дитер Клевен осетил должост да ги изнесе своите барања во рамки на таа постапка-се наведува во соопштението на адвокатот.
Ханс Дитер Клевен истакнал дека Бекер му должи околу 36,5 милиони евра, но не сакал да истакне во која работа тој и Бекер биле партнери.
Германскиот поранешен тенисер во моментов е во Лондон каде ги коментира партиите на најдобрите тенисери и тенисерки на светот во Вимблдон.
Инаку нему помош отворено му понуди и Новак Ѓоковиќ, на кој Германецот му беше тренер од декември 2013 година до декември 2016 година.
-Ние и понатаму сме пријатели, иако не работиме заедно. Многу сме блиски и го сакам Борис како личност. Ако некако можам да му помогнам, секогаш сум тука. Може да смета на мене- рекол Ѓоковиќ на една конференција во Истборн.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.