-Грција ќе продолжи до крај во спорот за името со Македонија и никаков прититок нема да ја отргне од тоа – вели директорот на бугарскиот Национален историски музеј Божидар Димтров во гостување во емисијата „Денот во живо“ по повод на посетата на Зоран Заев во Бугарија , кој се поклони пред споменикот на цар Самуил, на кој пишува: „Цар Самуил, бугарски цар“ и прифати воедначување на македонската со бугарската историја.
На прашањето на новинарката: „Има ли некакви шанси Бојко Борисов да помогне со оглед дека се понудил да посредува“, тој вели:
–Ако тие (Македонија) инсистираат да им остане името, нема шанси. Грција кажа дека нема да прифатат никакво сложено име во кое фигурира зборот Македонија. И се во право, затоа што тоа е дел од нивното историско наследство. Античка Македонија е дел од грчкиот народ и од грчката државност и таа во целост се развива на територијата на денешна Грција, на еден тесен раб, почнувајќи од Солун, завршувајќи на албанските планини.
Новинарката поставува прашање:
Според вас, Грција нема да отстапи. Тоа што ние отстапуваме дали ќе ѝ помогне на Македонија?
Димитров одговара:
Не ги познавате Грција и Грците. Сте слушнале ли за празникот Охи? Тие се спротиставија како шест-седум милионска држава на 60 милионска Италија и на 80 милионска Германија. Охи го чествуваат како национален празник. Јас потоа се прашувам кој и зошто го предизвика овој притисок во Грција. Каква вредност е Македонија со своите два милиона разни, не можам помеко да се изразам, жители.
Новинарката вели дека „најверојатно Заев сега ќе се закрила со нас“, на што Димитров коментира:
– Абе не можеме да ги закрилуваме. Нека се откажат од тоа име, не може така.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)