| четврток, 6 декември 2018 |

„Добредојде дома“ – ултранационалистите на Каракачанов го пречекаа Заев во Софија (ФОТО)

Заев во Софија срдечно бил пречекан од бугарските ултранационалисти од фалсификаторската ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов со транспарент на кој што пишува „Добредојде дома“ – пренесува порталот Експрес.мк.

Партијата ВМРО – Бугарско национално движење заедно со партиите Атака и Националниот фронт за спас на Бугарија е дел националистичкиот блок Обединети патриоти кој освои 27 пратеници од вкупно 240 на последните избори во 2016 година.

Заедно со 95 -те пратеници на ГЕРБ бугарската влада во моментов има само еден пратеник повеќе од потребното мнозинство, односно премиерот Борисов се наоѓа во идентична ситуација како и неговиот македонски колега Заев, чија коалиција има 62 пратеници во Собранието.

Според медиумите на коалицијата на ВМРО – БНД, Борисов и Заев со Софија разговарале за општата историја и празниците а потпишувањето на Договорот за добрососедство меѓу двете земји и предуслов без кој Бугарија нема да го поддржи влезот на Македонија во НАТО и ЕУ.

Според партијата на Каракачанов договорот што треба да биде потпишан на Илинден ќе биде парафиран „на уставните јазици на двете држави“ како што беше случај во 1999 година кога беше потпишана Декларацијата за пријателство и соработка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top