Марко Јариќ веќе неколу дена е во Србија, а Аца Лукас отпатува во Турција, каде летува со Соња и нивната ќерка Викторија.
Аферата за љубовниот триаголник Соња, Аца и Марко не стивнува и покрај обидите на инолвираните да покажат и докажат дека се е измислица. Откако како бомба одекна веста дека Соња Вуксановиќ го изневерувала Лукас со Марко Јариќ, се пишуваше дека фолкерот откако дознал за аферата на сопругата, побеснел и му праќал заканувачи пораки на кошаркарот. Како што се дознава, Јариќ решил да стави точка на повеќемесечната романса, бидејќи не сакал проблеми и наслови во медиумите.
-Јариќ отсекогаш внимавал приватниот живот да не го експонира премногу во јавноста. За време на неговиот брак со Адријана Лима, беше принуден скоро целиот свет да знсе за секој нивен чекор, но веќе долго време не сака да ги коментира наводите со кого е во врска. Посебно не му одело во прилог тоа што Соња е мажена и не сака да се замерува на Лукас, кој дури му се заканил дека ќе го искрши ако продолжи да се гледа со неа- изјавил извор близок на кошаркарот.
Марко и Соња се разделиле коректно, без тешки зборови. Соња заминала во Турција, а Марко допатувал во Србија каде самува.
-За време на викендот беше на сплав, каде во сепаре уживаше во друштво на неколку убавици, а познато е дека е слаб на манекенки. Сепак од сплавот замина сам и се одвезе право дома – додал изворот.
За тоа време Соња и Аца беа во Турција, од каде денеска се враќаат, бидејќи Аца има настапи. Парот таму долго разговарал и одмарал, па на секој начин се обидувале да го спасат бракот. Дошле до договор дека ќе почекаат да се смират страстите и фолкерот да се одлути, како еден на друг повторно би пружиле шанса.
-Сепак, бидејќи ситуација се менува од ден во ден, не е исклучено дека Аца повторно ќе побесни поради нешто, бидејќи има избувлив карактер. Засега сфатил дека Соња се покајала и дека би било добро да му пружат шанса на бракот- рекол извор близок на семејството Вуксановиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
После гласините за обновување на врската на Емина и Марко, се огласи и неговата сопруга!
-
Паника: Еве што направија Емина и Марко откако нивната преписка е објавена!
-
Се разведувам поради тебе – нова тајна преписка меѓу Емина Јаховиќ и Марко Мишковиќ!
-
Соња се огласи прв пат по операцијата – испрати важна порака, а еве како изгледа!