| четврток, 6 декември 2018 |

Росоклија: Ако Илинден е востание за создавање независна или автономна македонска држава, како е тоа празник кој го слави бугарската држава?

Било кога да почнало нашето национално будење како Македонци, никој не треба, не смее и е одраз на краен примитивизам да ни каже кои сме, национално – пишува професорот Горазд Росоклија на својот фејсбук профил.

Роскоклија потенцира:

НАШ И НИВЕН ИЛИНДЕН

Кога се слави (одбележува востание), тоа се прави заради целите (идеологијата) на востанието.

Како ќе го (ре)дефинираме Илинден, за да го славиме заедно со бугарската држава?

За мене ова е клучното прашање, а не кој кому, на чии гроб ќе положи венец.

Ако е Илинден востание за ослободување од Отоманите и создавање независна или автономна македонска држава, како е тоа празник кој го слави бугарската држава?

Што ќе слават тие?

Револуционерната војна (ослободување на Америка од власта на Велика Британија) ја иницирале и во неа учествувале државјани на Велика Британија, потпомогнати од Франција.

Дали Англичаните заедно со Американците ја слават оваа војна?

Основоположниците на САД (founding fathers) биле Бритиш! Бритиш! Сопственици на робови, силувале црни жени и ги третирале како субхумани.

Покренале војна за американските колонии (шеснаесет во тој момент) да си ги печатат парите, наместо да го прави тоа Велика Британија

Оваа војна довела до создавање на американска нација (сосема ненамерно, барем во почетокот)

Денес, никому не паѓа на памет да го оспори значењето на Џорџ Вашингтон и останатите основоположници во создавањето на американската нација, независно од идеологијата која ги водела, а која била чисто економска, и независно од нивното национално чувство, Британци!

Како тогаш националното чувство на Македонците кои учествувале во Илинден пред 114 години, е обврска за нас Македонците, да го имаме истиот национален идентитет како нив? Гоце, Јане, Ѓорче, Сарафов….?

Било кога да почнало нашето национално будење како Македонци, никој не треба, не смее и е одраз на краен примитивизам да ни каже кои сме, национално.

Конечно, улогата на бугарската држава во востанието е исклучиво негативна според бугарската историографија.

Што ќе слават тие?

,,Без да го согледаме коренот не можеме да ја разбереме поврзаноста, а без да ја разбереме поврзаноста концептот на историјата е бесмислен.“

Имам впечаток дека од 1945 до денес, оваа мисла на Херодот нашите политички лидери немале време да ја прочитаат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top