| четврток, 6 декември 2018 |

Маневски: Разрешувањето на Зврлевски е политичко

Постапката што е покрената против обвинителот Зврлевски не е од правни причини, поради нестручно или несовесно вршење на функцијата јавен обвинител, туку од политички причини, вели за Алфа ТВ поранешниот министер за правда Михајло Маневски.

-Тука може да се додаде дека разрешувањето на Марко Зврлевски се должи на одреден реваншизам на Зоран Заев кој не може веројатно да преболи што јавниот обвинител Зврлевски покрена две обвиненија против него и други лица во случајот „Пуч“ и случајот „Поткуп“ кој се однесува за примање на одредени материјални средства докажано врз основа на ПИ мерки. Мислам декатука се две солуции, политичката причина затоа што Заев сака да владее со јавното обвинителство, како што владее со СЈО и второ на одреден начин сака да му се реваншира на обвинителот Марко Зврлевски затоа што тој вршејќи си ја својата должност стручно, службено и одговорно покрена обвиненија врз основа на доказите кои ги утврди во текот на истрагата,
вели Маневски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top