| четврток, 6 декември 2018 |

Зврлевски: Работев одговорно, ако ме разрешите, не правите реформа

Јавниот обвинител Марко Зврлевски на денешната седница на Собранието на која се расправа за негово разрешување, од говорницата порача дека тој компетентно и чесно ја вршел својата функција, и ги обвини Владата и Советот на јавни обвинители дека не дале основа зошто барале тој да биде разрешен.

– Во предлогот се наведува дека незаконито и нестручно сум ја извршувал функцијата и дека со неповедувањето на кривични постапки сум го довел во прашање угледот на функцијата. Ништо од ова не е точно. Дека тоа е така, потврдува и предлогот каде што нема ниту една точка каде што се објаснува како и кога нестручно сум ја извршувал функцијата, рече Зврлевски.

 

 

Тој упати критика и до Советот на јавни обвинители.

– Советот на јавни обвинители не кажа ни зошто ни како ни врз основа на што дал позитивно мислење на барањето на Владата за мое разрешување. Тие немаат ниту една претставка и наназад 4 години позитивно ја оценуваше работата на ОЈО…а не дадов оставка бидејќи сметам дека нема причини, но имајќи ја предвид негативната пропаганда, свесен сум дека со мене ќе се случи тоа што се случило и претходно, дека ќе бидам разрешен. Тоа воопшто нема да ме повреди туку ќе бидам во редот на најдобрите, порача тој.

Тој потенцираше дека работел одговорно и совесно во согласосност со законот и Уставот и дека немал врска со политиката и бил познат како професионалец и добар обвинител.

– Ако ме разрешите тоа нема да претставува реформа, заврши актуелниот јавен обвинител во својот говор од собраниската говорница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top