| четврток, 6 декември 2018 |

Наумоски: Верувам во Давитков и во остварување на целите

Претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија, Петар Наумоски ги најави подготовките на репрезентативците и му посака среќа на новиот селектор.

– Прво би сакал на селекторот да му посакам успешни подготовки и успешни пријателски натпревари и на крајот по август да нè израдува сите. Ситуацијата е таква каква што е – не бегаме од одговорност, нормално е во услови во какви што сме да се бараат издржливи луѓе за да може да се надополни тој јаз од според мене десетина години во кои никој не обрнувал внимание на млаадинските категории. За мене, Давитков не е непозната личност, ние бевме соиграчи во најдобрата сезона на Работнички, а и цимери. Верувам во него и оптимист сум дека ќе успееме да ги оствариме зацртаните цели – изјави Наумоски.

Првиот собир на кошаркарите ќе биде денес во 19.00 часот во „ВИП арената“, кога ќе започнат подготовките за претквалификациските натпревари против Естонија и Косово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top