| четврток, 6 декември 2018 |

Пике и Шакира го крстија синот Милан

Шакира стана мајка. Вчера вечерта се роди Милан, синот на колумбиската пејачка и одбранбениот играч на Барселон, Жерард Пике.

-Името Милан на словенските јазици значи драг, сакан, милостлив. Во Стариот Рим тој израз се употребува за внимателна личност, а на санскрит значи соединување. Исто како неговиот татко, веднаш стана член на Барселона – вели среќната мајка.

shakirapique

Родителите на малиот Милан се запознале пред Светск0то првенство во фудбал во 2010 година во ЈАР, за време на снимањето на спотот за официјалната химна на Мундијалот, која ја отпеја Шакира.

sakira

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top