Кошаркарите на Венеција, третпат во својата историја, а првпат по 1943 години ја освои титулата шампион на Италија. До шампионскиот трофеј стигнаа по синоќешната победа против Тренто на гостински терен од 78-81 и со вкупно 4-2 ја добија серијата подобар од седум.
На шестиот натпревар кошаркарите на Венеција на гостини терен одиграа извонредно второ полувреме, на моменти имаа и +12, за да на крајот слават победа од 78-81. Во последните секунди домаќините имаа два отворени шута за три, но не ги реализираа и поразот остана неминовен.
Најефикасни во победничкиот тим беше Еџам со 16 поени, а Хејнс и Фил запишаа по 14 поени. Во тимот на Тренто повтотно лидер беше Сатон со 23 поени и 13 скока, но недоволни за позитивен резултат.
И покрај тоа што Венеција е нов шампион на Италија, следната сезона во Евролигата повторно ќе настапува Армани Милано, бидејќи има перманентен договор за настап во елитното натпреварување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.