| четврток, 6 декември 2018 |

Нема веќе да се примаат барања за субвенции за купување велосипед

Градот Скопје досега прими над 2.600 барања за добивање субвенции за купување велосипед на граѓаните што купија нов велосипед и се пријавија на распишаниот јавен повик, со што се исцрпени средствата предвидени во буџетот за оваа намена.

Поради тоа од утре нема повеќе да бидат примани нови барања за субвенции за надоместок на дел од трошоците за набавка на нови велосипеди.

Комисијата активно ги разгледува пристигнатите барања, по редоследот на поднесувањето на барањата и изготвува решенија за исплата на средствата на граѓаните коишто ги поднеле.

Имено, со цел да ги стимулира граѓаните во што поголем број да го користат велосипедот како превозно средство, Градот Скопје на 13.05.2017 година објави јавен повик за надоместување дел од трошоците при купување велосипед, односно средствата што ги надоместува Град Скопје се во износ од 50% од цената на велосипедот, но не над 4.000 денари, нето износ, по лице.

За оваа намена Градот Скопје одвои 10 милиони денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top