| четврток, 6 декември 2018 |

13 години затвор за внукот на Енвер Хоџа затоа што шверцувал кокаин

Ермал Хоџа, најстариот внук на Енвер Хоџа, заедно со уште осуммина криминалци шверцувале 120 килограми кокаин.

Хоџа и останатите обвинети беа уапсени во јануари 2015 година под обвинение дека формирале криминална група за производство и шверц на кокаин за западноевропски земји. Полицијата кај нив заплени 120 килограми дрога, пари и оружје.

Албански обвинител побарал внукот на комунистичкиот диктатор Енвер Хоџа и осуммина негови соучесници да бидат осудени поради шверц на кокаин за земјите од Западна Европа.
Обвинителот побарал од судот во Тирана Ермал Хоџа да биде осуден на 13 години затвор, а останатите, меѓу кои и двајца Колумбијци, да добијат казна затвор од 13 до 15 години.

Ермал Хоџа е најстариот внук на Енвер Хоџа, кој управуваше со земјата од 1944 година па се до неговата смрт во 1985 година, пет години пред студентските протести да го соборат комунистичкиот режим во Албанија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top