Македонскиот селектор Боби Милевски остана доследен на својот стил на игра и со замените во вториот дел ја донесе Македонија пред победа против светскиот првак Србија. По ремито (2-2) Милевски на официјалната прес-конференција изјави:
– Мислам дека сите уживаа во натпреварот, како и против Шпанија. Двете селекции имаа по едно полувреме. Тие беа подобри во првото, а ние во второто полувреме. Иако имаме за што да жалиме, резутатот е реален. Честитки за фудбалерите за одиграното и вечерва. Секако дека има простор за напредок. 90% од нашите фудбалери играат во македонската лига, каде темпото е послабо од ова ниво. Се обидовме да компензираме и во голем дел мислам дека успеавме. Во првиот дел потфрлија сите фудбалери, не само фудбалерите за врска, туку целиот тим. Можеби и моја грешка е што се одлучив за старниот тим. Шансите за пласман во полуфиналето ни се минимални. Давид одигра одлично против Шпанија и денеска го заменив заради физички фактор. Шанса против Португалија ќе добијат фудбалери кои ќе играат во следниот циклус. Тие се кадарни да бидат конкурентни и во следните квалификации – смета Милевски.
Вечерва нашите репрезентативци се враќаат во Сопот, а потоа имаат три дена да го подготват натпреварот против Португалија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.