| четврток, 6 декември 2018 |

Каде се милијардите кои ги сокрил Гадафи?

Со години кружеа приказни дека неговите милијарди долари, и најмалку шест милиони карати дијаманти и неутврден број на златни прачки се скриени во Јужна Африка. Се верува дека 20 милијарди долари се скриени во четири банки, додека остатокот е сокриен во разни складишта и бункери околу Преторија и Јоханесбург

Извештајот на ОН открива невидено богатство кое либискиот лидер го сокрил низ целиот африкански континент.

Бруталниот и крвав пад на Моамер Гадафи во 2011 година покрена меѓународен лов на неговото богатство. Сега и Обединетите нации објавија извештај дека поголемиот дел од богатството на Гадафи е скриено на разни страни од Африка. Панелот на експерти објавил извештај од 299 страници за непрестаниот хаос кој владее во Либија по падот на Гадафи. Во извештајот, меѓу другото, се наоѓаат документи, фотографии и интервјуа во кои детално е наведено како богатството на Гадафи, заштитено со резолуцијата на ОН, слободно се селело по целиот континент.

Со години кружеа приказни дека неговите милијарди долари, и најмалку шест милиони карати дијаманти и неутврден број на златни прачки се скриени во Јужна Африка. Се верува дека 20 милијарди долари се скриени во четири банки, додека остатокот е сокриен во разни складишта и бункери околу Преторија и Јоханесбург.

Во 2013 година Јужна Африка се согласила да и` ги врати либиските фондови на новата либиска влада, кои според денешниот девизен курс вредат околу 800 милиони долари. Но, јужноафриканските функционери, како ни ОН, тогаш не кажуваа што ќе се прави со наводниот остаток на пари, дијаманти и златни прачки кои останале заклучени.

ОН овие денови објави дека имало многу повеќе пари од Гадафи кои останале скриени во Јужна Африка отколку што претходно се мислеше. Дополнителни осум милијарди долари се преместени од Standard Bank во Јужна Африка на сметка во банката Stanbic во Кенија, пишува порталот Express.hr.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top