| четврток, 6 декември 2018 |

Голема грешка на судиите во Бидгошч, Србија води по првото полувреме со гол од офсајд! (видео)

Младинската фудбалска репрезентација на Македонија има негатива на мечот против Србија по 25 минути игра. На стадионот во Бидгошч, „орлите“ поведоа во 24 минута, но од спорна офсајд-позиција која главниот судија не ја виде.

Погодокот во мрежата на нашата репрезентација го постигна Мијат Гачиновиќ, но судиите од Шкотска не сигнализираа дека претходно имаше очигледна офсајд ситуација.

Во првото полувреме избраниците на селекторот Боби Милевски не се она препознатливо ниво од првиот меч против Шпанија. Успеаја да упатат само два удари кон голот на Србија. Особено за одбележување е обидот на Барди од слободен удар од повеќе од 30 метри кој голманот Милинковиќ-Савиќ успеа да го исфрли во корнер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top