| четврток, 6 декември 2018 |

Пемова: СДС и министерот за земјоделие имаат одговорност пред граѓаните и земјоделците

-СДС и министерот за земјоделие имаат одговорност пред граѓаните и земјоделците да работат во нивен интерес и да ги решаваат нивните потреби и проблеми- истакна на денешната прес-конференција Весна Пемова од ВМРО-ДПМНЕ.

-Времето одминува и никаков ефект нема од празните прес конференции и флоскули на Љупчо Николовски и на СДС.Мерката од 6 денари по килограм за предадена праска кај откупувачите во суштина значи никаква поддршка, откуп воопшто нема, а кога нема откуп тоа значи дека земјоделците не предаваат килограми праски за да добијат во посочениот период дополнителна поддршка. Преведено оваа мерка би имала ефект доколку воопшто има откуп.Јасно е дека овоштарите имаат тешка година. Ги погоди пролетниот мраз, а сега се соочуваат и со проблеми и со откупот на овошките. Очигледно по неколку реакции на овоштарите од Росоман и Кавадарци, министерството и Владата немаат конкретно и издржано решение за нивниот проблем- рече Пемова.

ВМРО-ДПМНЕ по трет пат го повикува министерот и СДС наместо со парцијални решенија и општи изјави по медиумите, веднаш да превземат 4 основни чекори.

-Прво, да се зголемат субвенциите за поддршка за одржување на овошните насади за 2017-та година, најмалку 50%.Второ, државата да се вклучи во пронаоѓање на нови пазари за извоз на праски.Трето, додека македонските праски скапуваат имаме информации дека се увезуваат преку 1.200 тони евтини праски од соседството. Државата итно да се вклучи во заштита на македонските земјоделски производи. Четврто ја повикуваме Владата да излезе итно со одлука за 100% обештетување на штетите кај овоштарите. Вакви мерки беа носени во минатото со цел на земјоделците да им  се излезе во пресрет и да им се помогне во надоместување на штетата-додаде Пемова, според која ова се мерки кои вистински ќе им помогнат на земјоделците.

-Ова го очекуваат граѓаните и земјоделците од министерот за земјоделие од СДС- рече таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top