Македонија и Русија го потпишаа заедничкиот план за борба против недозволената трговија со дрога за наредниот тригодишен период од 2013 до 2015 година. Документот го потпишаа министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, и првиот човек на руската Федерална служба за контрола на наркотици Виктор Иванов во Москва, на маргините на 30. конференција на глобалната асоцијација ИДЕК за борба против трговијата со дрога.
Според МВР, Планот за заеднички активности предвидува во следниот тригодишен период интензивирање и ефекти од соработката против трговијата со дрога, преку размена на оперативни информации и конкретно учество во заеднички полициски операции.
На овогодишнава конференција на ИДЕК, проект на американската агенција за борба против дрогата (ДЕА), во кој се вклучени стотина земји во светот, беа разгледувани новите трендови во недозволената трговија со дрога, како и анализи на состојбите со овој глобален проблем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.