| четврток, 6 декември 2018 |

Луд и депресивен филм за Ана Никол Смит (видео)

Излезе трејлерот  за филмот „The Lifetime“  што ја следи животната приказна на русокосата Ана Никол Смит. Познатата старлета ја глуми Агнес Брукнер. Сценариото за филмот го напишале Џон Рис и Џо Батер, а режијата ја потпишува Мери Харон.

Филмот, кој филмските критичари веќе го нарекле луд и депресивен, треба премиерно да биде прикажан на 29 јуни.

Ана Никол Смит беше една од најпознатите Плејбој-зајачици и телевизиски лица. Таа беше пронајдена мртва во нејзиниот стан во 2007 година, откако се предозирала со девет различни лека.

annanicole_06062013_screen

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top