| четврток, 6 декември 2018 |

Ученици собирале пари за лечење на соученик, полицијата ги избркала

Ученици од средното техничко училиште поставиле штанд на плоштадот за собирање на доброволни прилози за нивниот соученик кој што на екскурзија во Италија си ја повредил кичмата. Но, полицијата ги истерала бидејќи немале дозвола за собирање на помош.

Така во Бања Лука, Босна и Херцеговина и административен центар на Република Српска, се одвивала несекојдневната ситуација- наместо да собираат пари, учениците цел ден загубиле собирајќи документи. И не успеале, па за нивната дозвола ќе мора да чекаат уште два дена, што не ги обесхрабрува, но велат губат драгоцено време.

-Изгубивме ден и пол, за кој можевме да собереме пари. Меѓутоа спречени сме во тоа, па се надеваме дека некако ќе надополниме- велат учениците, кои што се изненадени што полицијата ги истерала дури по два дена собирање пари на исто место. Полицијата вели дека законот мора да се почитува, дури и нагласиле дека нема да ги казнат за немање дозвола, а и наместо за осум дена, дозвола ќе им издале за еден ден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top