| четврток, 6 декември 2018 |

Чиле се мачеше со Камерун но стигна до стартната победа на Купот на конфедерациите (видео)

Шампионот на Јужна Америка, репрезентацијата на Чиле, со победа го стартуваше настапот на Купот на Конфедерации откако славеше над Камерун со 2-0.

Победата на Чилеанците е апсолутно заслужена ако се знае дека оваа селекција доминираше од првата минута, кога Варгас го погоди дирекот, па се до самиот крај. Чиле имаше и поништен гол преку ВАР технологијата, пред во 80. минута конечно да поведе со 1-0.

Артуро Видал беше стрелец на победничкиот гол на асистенција на Алексис Санчез, кој поради повреда не можеше да стартува, но влезе во игра да помогне кога беше најважно за неговата репрезентација. Конечните 2-0 во судиското продолжение ги постави Еду Варгас откако претходно главниот судија го поништи голот, но овојпат ВАР технологијата им помогна на Чилеанците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top