| четврток, 6 декември 2018 |

Во Охрид денеска почнува јубилејниот 50. Меѓународен семинар за македониски јазик

 Во Охрид денеска ќе биде отворен јубилејниот 50. Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура и 44. Меѓународна научна конференција, во организација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Како што информираат организаторите, овие две важни меѓународни манифестации одиграа голема улога во афирмацијата на македонскиот јазик, литература и култура низ целиот свет.

На Меѓународниот семинар досега учествувале над 4.000 учесници од над 50 земји, меѓу кои истакнати македонисти, професори по македонски јазик и литература на странските универзитети, слависти, балканисти, преведувачи, научни работници и студенти што го изучуваат македонскиот јазик низ лекторатите во светот.

Семинарот, се наведува, својата стручно-научна дејност на подрачјето на македонистиката ја започнал скромно, а до денес непрекинато се развива и израсна во афирмирана наставна, научна и културна институција единствена од ваков  вид во Македонија и стана ценет славистички центар.

Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура и Меѓународна научна конференција ќе се одржува до 2 јули во Конгресниот центар во Охрид на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top