| четврток, 6 декември 2018 |

Раскол во СДС- Шуто Оризари: На виделина излегуваат малверзациите и поткупот од СДС

Во јавноста почнаа да излегуваат признанија за нелегално финансирање на изборната кампањата на СДС и за директен поткуп на гласачи, како и проневера на пари и слични малверзации, коишто се случувале во споменатата населба во текот на кампањата за предвремени избори, пишува Нетпрес.

Во општинската организација на СДС во Шуто Оризари деновиве се случува голем раскол меѓу пратеникот Курто Дудуш и Геге Демировски, двајцата главни активисти на партијата во оваа скопска општина, и двајцата луѓе од доверба на партиските челници Зоран Заев и Оливер Спасовски.

Како резултат на кавгата меѓу двајцата споменати партиски активисти на СДС во Шуто Оризари, во јавноста почнаа да излегуваат признанија за нелегално финансирање на изборната кампањата и директен поткуп на гласачи, како и проневера на пари и слични малверзации, коишто се случувале во споменатата населба во текот на кампањата за предвремените парламентарни избори ланскиот декември.

Геге Димировски во јавно признание посочува дека СДС во текот на кампањата добиле најмалку 80 000 евра од извесен Демо со цел на црно да се финансира кампањата. Парите ги добиле на маса со кои ја „терале“ кампањата меѓу жителите.

-Токму денеска морам да ви кажам, имав средба со Оливер Спасовски, нека биде здрав и жив, ме почитува, поздрав до него. Исто така, и премиерот Заев, ми кажа дека не може никој да ме избрка: ’ ти си наш член во СДС и ќе останеш во СДСМ, не можеш да одиш никаде’. Имајте доверба во мене. Демо мојот брат е овде, мора да кажам реално и искрено, дека Демо лично преку 80 илјади евра остави на маса кај мене. Ми кажа ’Геге ’земи ги овие пари, се’ што треба јас ти ја плаќам кампањата јас стојам зад тебе’. Поради тоа Куцо ги прави овие проблеми, бидејќи Демо не му праќа пари. Сакаше Демо да го измами, за тој плац, да си искористи, да направи финти. Во Европа не сакаат името да ти го слушнат Куцо, затоа те потестувам за новогодишните пакети од Оливер Спасовски, парите што ти ги даде Куцо, сите тие пари… Од пакетчињата 15 подели, другите пари в џеб ги стави и плус други малверзации…, вели Геге Демировски.

Овој скандал очигледно зад себе крие многу повеќе од обично несогласување во општинската организација и отвора сомнежи дека се работи за нелегално финансирање на кампања и поткуп на гласачи кој се вршел непосредно пред изборите.

Геге Демировски важи за човек од доверба на раководството на СДС и има директни врски со Зоран Заев и Оливер Спасовски. За тоа говорат голем број фотографии на коишто тие се заедно. Токму затоа во СДС постои сериозна загриженост овој скандал да не добие поголеми размери, па изминатиот период остварувале директни средби со Демировски, па дури и вршеле притисоци тој да не ги открива малверзациите кои СДС ги правел во Шуто Оризари со гласовите на Ромите кои живеат таму.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top