| четврток, 6 декември 2018 |

Тренов: Земјоделците нема да дозволат да бидат изманипулирани и нема да дозволат СДС да ги превесла со лажни ветувања

Бараме министерот за земјоделие Љупчо Николовски да побара итна и вонредна владина седница со точка на дневен ред, 100% обесштетување на овоштарите чиј род настрада од временските непогоди и дополнителна поддршка за да може да ја преживеат годината, кажа Ромео Тренов денеска на прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ.

Интегрален текст од прес-конференцијата на Ромето Тренов од ВМРО-ДПМНЕ

СДС и понатаму се однесува како опозиција, со крајно неодговорни и конфузни изјави.

Министерот на СДС, Љупчо Николовски со денови се крие и ги одбегнува овоштарите кои се соочуваат со реални проблеми. Николовски го нема да се појави во Росоман каде што состојбата со производството на праски е алармантна, исто како и со речиси целокупното овоштарство во Македонија.

Земјоделците се соочуваат со огромни штети заради временските неприлики, а засега нема никакви најави за нивно целосно обесштетување.

Владата на СДС покажа колку не го цени земјоделството и трудот на земјоделците. Владата на СДС покажа дека е глува на апелите за помош кои доаѓаа директно од земјоделците и нивните здруженија.

ВМРО-ДПМНЕ секогаш кога земјоделците се соочувале со слични непогоди излегувала во пресрет и штетите ги покривала 100%.

Оттука бараме министерот за земјоделие Љупчо Николовски да побара итна и вонредна владина седница со точка на дневен ред, 100% обесштетување на овоштарите чиј род настрада од временските непогоди и дополнителна поддршка за да може да ја преживеат годината.

Го повикуваме министерот Николовски да ги посети и земјоделците во Росоман, а не само земјоделците во Арачиново, бидејќи штетите се огромни и последиците кои следат од ненавремената помош може да бидат катастрофални по целокупното нивно производство.

СДС во текот на кампањата им ветуваше на земјоделците дека ќе им биде поддршка, а гледаме дека после влегувањето во своите кабинети, веднаш ги заборавија.

Очекуваме дека ветувањата на СДС за земјоделството нема да останат мртво слово на хартија и една голема лага. Земјоделството е значајна гранка во македонското стопанство. Околу 150 илјади граѓани во Македонија живеат од земјоделството.

Земјоделците нема да дозволат да бидат изманипулирани и нема да дозволат СДС да ги превесла со лажни ветувања, од типот 100.000 денари плата

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top