| четврток, 6 декември 2018 |

Се запознале на свадбата на младоженецот: Зедно имаат 188 години и се најстарите младенци во светот

Таа има 95 години, а тој 93. Судбината ги поврзала, а откако се венчаа официјално станаа најстари младенци на светот со вкупен збир на години од 188.

Британските пензионери Маргарет Хазбенд и Бернард Брајс се запознале на неговата прва свадба во дамнешната 1951 година. Интересно е дека таа тогаш била деверица, а се виделе дури по 50 години на погребот на сопругата на Бернард, Доерти.

Најмладиот син за неодамна мажената Маргарет, 52-годишниот Роберт, кој ја придружуваше невестата до олтарот, не ни сонувал дека мајка му ќе ја мажи на тие години.

– Беше толку многу емотивно да ја донесам мајка ми пред олтароот. Живеам со неа девет години и веќе многу пати размислував што ќе биде со неа, но ме изненадува секој ден, рече тој.

Бернард по погребот на својата сопруга признал дека почнал да се интересира за Маргарет, а набрзо се родила љубов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top