Годинава земјоделците, производители на праска од Росоман, се соочуваат со голем проблем и неможност за продажба на својот род. Додека росоманчани мака мачат што со произведените праски, надлежните од министерството за земјоделство со денови никаде ги нема, а првиот човек на министерството, Љупчо Николовски од СДС се шета низ скопско Арачиново, место да отиде и да ги слушне маките на росоманчани.
Додека Николовски се шета низ Арачиново, да изврши увид во штетите од синоќешниот град во скопско, со денови го нема да ги слушне маките и да изнајде решение за состојбата со проблемот со откуп на праски во Росоман. Меѓу росоманчани отиде поранешниот заменик министер за земјоделие од ВМРО-ДПМНЕ, Ванчо Костадиновски, кој ги слушаше проблемите на росоманчани и се обиде да најдат решение.
Производителите на праска денес во изјави пред камерите на МТВ беа револтирани од цената на праската, која како што велат годинава е најниска и ја повикаа новата Влада да дојде да ја реши состојбата и да преземе мерки.
– Вчера имав 150 гајби, набрав, дојдов тука и неможев да ги продадам, па од тука најдов превоз платив ги однесоа за Скопје и ги дадоа 50 денари гајбата, цела гајба околу 7,5 килограми. Ова до сега вака не било, олку ниска цена, гајбата да ја купиш е 22 денари, со се книга чини 25 денари, а ние 50 денари ја продаваме цела, плус превоз, 3500 денари ми земаа од кванташки до Скопје-вели еден од револтираните земјоделци, кои не можат да го продадат својот род.
На прашање на новинарката како да се реши ситуацијата, земјоделецот вели: Еве нова Влада има сега, би требало да дојдат тука, кои се таму од Министерство за земјоделство, да преземат мерки!.
Друг производител на праска вели: Јас мислам дека првата сорта под 20 денари не треба да биде, кога зборувам за првата сорта, а втората сорта значи спрема квалитет не треба да биде под 30 денари – рече тој, навраќајќи се на фактот дека минатата година првите праски не биле под 28 денар.
-Оваа година е катастрофа, а еве сега за 50 денари молам никој не сака, 22 денари е гајбата, значи 28 денари праска седум килограми -додаде тој.
Ванчо Костадиновски, од ВМРО-ДПМНЕ кој беше на терен во Росоман, за „Курир“ изјави:
– Денес сум на увид во состојбата со актуелниот откуп на праски во Росоман и овој регион и катастрофалната состојба со откупната цена и штетите предизвикани од априлскиот мраз, да посетам откупни пунктови и заедно во разговори со овоштарите и откупувачите да ги слушнам нивните предлози и идеи и заеднички да наоѓаме решенија кои ќе значат надминување на состојбата на овие проблеми. По априлскиот мраз, ние како техничка влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ донесовме одлуки на итна вонредна седница да се формираат стручни комисии согласно законот за земјоделство и рурален развој и да се предложат измени на програмата за финансиска поддршка во земјоделството и на уредбата за директни плаќања, со цел да се обезбедат средства за 100-процентна исплата на штетите предизивикана од пролетниот мраз – рече Костадиновски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)