СДС и неговите коалициски партнери ја уништуваат Струга. СДС и неговите коалициски партнери ја претвoраат Струга од бисер на Охридско Езеро во депонија. СДС и неговите партнери со својата неспособност ја загрозуваат летната туристичка сезона. Револтот од граѓаните кон владата на СДС расте. Сè поочигледна е негрижата на владата на СДС за граѓаните на Република Македонија, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, кое во продолжение ви го пренесуваме интегрално.
Додека министрите од владата на СДС секој ден се среќаваат со разни амбасадори, стружани се задушуваат од густиот чад што доаѓа од депонијата, која секој ден гори.
Владата на СДС е сосема глува и не ги слуша барањата на стружани за итно затворање и за дислокација на местото за фрлање на отпадот.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ побараа по итна постапка да се одржи седница на која ќе се разгледува алармантната состојба во Струга со загадувањето од запалената депонија, која со денови ги труе стружани.
Дури и Талат Џафери на крајно недемократски начин се обиде да ја затвори оваа тема и не дозволуваше порцедурални забелешки на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.
Меѓутоа, темата за депонијата во Струга е важна. Не може и не смее да биде замолчена со одземање збор на пратеник.
СДС не смее да ги игнорира реалните проблеми. СДС ја води владата и мора да почне да работи.
Граѓаните бараат да се исполнат дадените ветувања. Граѓаните со нетрпение ги очекуваат најавените 16.000 денари минимална плата и 30.000 денари просечна плата и тоа веднаш. Лекарите очекуваат 100.000 денари плата како што им вети СДС.
Граѓаните од СДС очекуваат нови 500 километри автопат и 30.000 денари на крајот на годината од поврат на 15 проценти на потрошениот ДДВ, кое СДС го вети и беше една од носечките проекти во изборната кампања.
Време е СДС да почне да работи на исполнување на дадените ветувања бидејќи граѓаните сакаат работа и посветеност, како што тоа го правеше владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)