| четврток, 6 декември 2018 |

Данев: Додека СДС е во опозиција дава лажни ветувања, а кога треба да сработи наоѓа лажни изговори

Пратеникот Драган Данев од редовите на ВМРО-ДМПНЕ на денешната собраниска седница за предлог Законот поднесен од ВМРО-ДПМНЕ , претходно поднесен од граѓанска иницијатива коj не помина во Собраниска комисија каде што мнозинство имаше СДСМ, рече дека е смешно кога гледа дека СДС да подржи процесуирање кој е автентично граѓански, а впрочем самите ветуваа дека ќе  овозможат дебетирање на законските решенија предлагани од страна на граѓаните.

– Смешно е според мене СДС за се противи на една граѓанска иницијатива. СДС е партијата која во моментот се противи во законодавниот дом за процесуирање на една граѓанска иницијатива. Па нели тие беа тие кои што секои граѓански ицијативи ќе ги внесеа во Собрание и ќе овозможеа за нив да се дебатира и да се носат соодветни законски решенија. Толку од неко

За пожарот во Струга тој истакна дека истиот се уште не е изгаснат и дека се надева дека во наредните денови стружани ќе бидат спасени од загадениот воздух.

– Едно е СДС кога е опозиција, а сосема друго е кога СДС е позиција. Во опозиција даваат лажни ветувања, класично додворување на гласачите за само да се дојде до нивниот глас. А кога се во позиција кога треба нешто да се сработи е тогаш изнаоѓаат запитки, точки и безброј дебати, изјави Данев од собраниската говорница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top