Македонија доби нови министри, но за кого тие се ставени?! Новиот владин состав како главна задача си постави средби со амбасадори, наместо конкретни чекори за реформите кои ги најавуваше. Во првите две недели, главната активност на новата влада се средби со амбасадори. За сметка на тоа, проблемите се наталожуваат.
Цела Струга се дави во чадот од депонијата која никој не ја гаси, производителите на праски го флаат родот поради лошиот откуп, лебот ќе поскапи – државата не интервенира. Но затоа пак, во првите десетина дена министрите на СДСМ и ДУИ одржале 46 средби со амбасадори. Ваквата практика на средба со амбасадори секогаш во минатото се сметаше за протоколарна.
Секако дека таквите средби се корисни, но пречестото експонирање на сето ова доведува до дилема кој ја води оваа држава, амбасадорите или министрите? Средбите со амбасадори нема да обезбедат оброк на граѓаните и решавање на нивните прболеми.
Зоран Заев за една недела имаше 9 амбасадорски средби, а ниту еден јавен настап за проект од интерес за граѓаните.
Радмила Шекеринска исто така за истиот период имала 7 средби со амбасадори, а средби со амбасадори наместо со земјоделци и со одгледувачи на праски каде има реален проблем со откупот имал и министерот за земјоделие Љупчо Николвски.
На листата се вбројува и министерката за образование Рената Десковска, како и министeрот за администрација Дамјан Манчевски, кој наместо проекти времето го посветува на средби со амбасадори. Од редовите на ДУИ рекордери во средби со амбасадори е министерот за правда – Булент Салиху и министерот за локална самоуправа – Сухејл Фазлиу.
Денеска и министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски излезе на терен да ја посети градбата на автопатот Демир Капија- Смоквица, заедно со францускиот амбасадор Тимоние. На Сугаревски не му сметаше да се слика, иако СДСМ претходно држеше пресови дека изградбата на автопатот е сомнителна и криминална.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.