| четврток, 6 декември 2018 |

Холанѓани бараат куќа од соништата во Охрид – емисија на холандската телевизија „МАХ“

holangani ohrid

Фото: Охридњуз

Вчера, во Елшани, во куќата на тетка Трајанка Наќоска се снимаше дел од емисијата „Откријте ја вашата куќа од соништата“, која во продукција на холандската национална „MAX TELEVISION“ се реализира во голем број земји во светот, каде што на средовечни двојки од Холандија и од други западни земји им се нуди избор од три куќи каде би го поминале остатокот од својот заеднички живот, јави „Охридњуз“.

Во секоја емисија среќата да бидат извлечени некои од двојките е да имаат необична и незаборавна љубовна приказна. Во една од емисиите за „Dream House“ победила љубовната и животна приказна на вљубените Славица и Ханс, кои пред  35 години ја почнале својата заедничка животна приказна, како што вели Славица – во градот на љубовта, тука во Охрид, за потоа 20 години да поминат во Холандија, а последниве 15 во Белград, Србија. Нивните убавите спомени од Охрид ги заинтересирале холандските телевизиски продуценти и решиле токму на Славица Секуловски и на нејзиниот животен сопатник  Ханс да им дадат можност да ја изберат својата куќа на соништата.

Симпатичната уредничка Дезире Салман, преку своите македонски пријатели и потпомогнати од агенцијата „Лале турс“, стигна до Елшани каде што ќе има можност да одбере една од понудените куќи, пред кои  како на дланка ви стои Охридско Езеро и прекрасната крaјбрежна убавинa.

– Нашата идеја со емисијата е да им овозможиме на средовечните и постари луѓе да стекнат повеќе пријателства, повеќе истражени места, повеќе традиционални високи вредности на вашето македонско поднебје, а Македонија, со сите свои вредности, заслужува да биде изборот за куќа од соништата, истакна главниот директор на холандската прoдуккциска куќа „Макс“ .

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top