| четврток, 6 декември 2018 |

Раул Гонзалес: Многу сум среќен што сум дел од скопски Аеродром (видео)

Тренерот на РК Вардар, Раул Гонзалес, човекот кој ја донесе првата клубсла европска титула во машки ракомет, говори за животот во скопски Аеродром и условите за работа во СЦ Јане Сандански.На интересен македонски јазик, со шпански акцент, Гонзалес зборува дека работел низ Европа, но никаде немал добри услови како во Скопје.

– Јас сум многу среќен што работам во „Јане Сандански“ зашто ако сакаш да играш на максимално ниво треба да ги имаш максималните услови. Работев во Шпанија, но условите не можеш да ги споредиш. Општина Аеродром гради многу објекти за спорт. Многу сакам да бидам тука во Аеродром – вели Шпанецот.

Раул ви препорачува да го прочитате отчетот на Општина Аеродром

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top