„СДС е партијата која најбрутално ги прогласуваше медиумите кои не им се под контрола за најголеми политички непријатели, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, сипматизери на СДС директно им се заканувале и физички ги напаѓале новинарите чии ставови не им биле по вкус и ги демолираа просториите на Радио Слободна Македонија и неделникот Република, а протестираа пред приватна телевизија директно вршејќи притисок врз нивната уредувачка политика.
„Во неколку наврати токму на прес конференциите на СДС на новинари им скандираа и ги навредуваа сите кои се обидуваа да поставуват прашања кои не се нарачани од прес центарот на СДС. За уредник во МТВ ја предложија Санта Аргирова, поранешен шеф на кабинет на министер за надворешни работи од СДС.
Само пред неколку дена министерот без ресор Самка Ибраимовски се закани со тужба за клевета против медиум кој реобјавуваше стара сторија објавена токму во весникот „Дневник“. ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува медиумите и новинарите чесно и професионално да ја вршат својата работа и да не потпаѓаат под притисоците, заканите и лицемерието на СДС“ се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)