| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО ДПМНЕ: Граѓаните очекуваат Заев и владата да престанат да бараат алиби и да отпочнат со одговорно работење

„Граѓаните очекуваат Зоран Заев и неговата влада да престанат да бараат алиби, да ги релативизираат своите ветувања и да отпочнат со одговорно работење“ се вели во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ.

Спорд партијата, Заев ветувал брз прием во НАТО и ЕУ, без да се задира во идентитетските прашања и без да се склучуваат договори на штета на македонскиот народ и држава и тој мора да го испорача тоа што го ветил.

– Зоран Заев мора да го испорача тоа што го ветил. Граѓаните го очекуваат тоа од него. Не смее нивните очекувања да се разводнуваат со некакви најави за одмрзнување на позитивната препорака која што Република Македонија ја добива осум години по ред.

Република Македонија и во последните две години добиваше позитивна препорака, но таа беше условена токму заради политичката криза во која што СДС и Зоран Заев ја втурнаа државата – се вели во реакцијата на партијата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top