Кога Новак Ѓоковиќ беше најдобар во свет тогаш го воздигнуваа до небо, сега кога не е во најдобра форма и кога поминува низ тешки моменти и моменти на слабост, сето она добро се заборава и тргнуваат безмилосните критики.
Голем број на луѓе како едвај да го дочекаа овој момент и на интернет да почнат со негативни коментари и критики на сметка на исхраната Новак и избор на тренери, а многумина за неговите порази ја обвинуваат неговата сопруга Јелена која е 6- ти месец бремена.
Сепак, личноста која покажа дека и кога губи и кога победува Новак за неа е прв и единствен, и маж и спортист и човек, тоа е токму таа, Јелена Ѓоковиќ.
Додека корисниците на интернет се потсмеваа, правеа шеги, го критикуваа и го осудуваа, Јелена на својот Instagram профил објави фотографии од Ноле со опис: “Колку го сакам овој човек”
“Мојата љубов … Колку сум јас среќна”, стои во описот на другата фотографија на нејзиниот профил на Instagram, со која покажа дека, како и секогаш, таа е најголемата поддршка на нејзиниот сопруг, и кога губи и кога победува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ќе го заменам Душко со помлад: Јелена Карлеуша проговори за кризата на средни години!
-
Реши да го сруши интернетот: Карлеуша ја покажа совршената линија
-
Невиден пресврт: Дедото на Јелена Ѓоковиќ го грабнале соседи?
-
Не сум сигурен дека сакам да продолжам да играм: Ѓоковиќ размислувал да го напушти тенисот!